Македонската олимпијка и најдобра спортистка за 2024 година, Милијана Релиќ, освои сребрен медал на престижниот Г-1 таеквондо турнир што се одржа изминатиот викенд во Криштианштад, Шведска. Со оваа успешна настапа, Релиќ додаде нови 7.20 поени на олимписката ранг-листа за квалификациите за Летните олимписки игри во Лос Анџелес 2028.
Релиќ беше доминантна во сите борби до финалето, совладувајќи ги Нора Хогфелт и Тиндра Андерсон од Шведска со по 2:0, а во полуфиналето ја победи Чиа Веи Ванг од Тајпеј со 2:1. Во финалето беше поразена од хрватската натпреварувачка Дора Мештровиќ, иако според тренерот Александар Ефтимов, неколку судиски одлуки ѝ ја одзеле шансата за злато.




