Триатлон клубот „3Дисциплини“ од Струга го започна новиот натпреварувачки циклус на најдобар можен начин, освојувајќи низа медали на Националното Дуатлон првенство што се одржа во Скопје, 2025 година.
Во категоријата сениори, Никола Кутаноски се закити со златен медал, додека Цветко Митрески и Блерта Хани освоија бронзени одличја. Во јуниорска конкуренција, Матео Мачоски го освои првото место, а Олса Орани стигна до сребрен медал.
Во категоријата кадети, Тија Кукунешоска се искачи на втората позиција на подиумот. Кај најмладите, во категоријата Деца 2, Јован Кутаноски и Стефанија Кутаноска освоија сребро, а Хади Исмаилоски и Софија Кутаноска бронза. Во категоријата Деца 1, Бисера Кутаноска се закити со сребро, а Матеј Лазороски со бронзен медал.
Клубот гордо ги истакна и успесите на останатите млади натпреварувачи кои ги претставуваа боите на „3Дисциплини“: Христијан Нически, Виктор Опетчески, Марко Шаврески, Матеј Јовчески, Девран Куртис, Керем Куртис, како и најмладиот учесник Сергеј Шаврески.
Со овој силен старт, „3Дисциплини“ најавува уште една успешна сезона полна со спортски достигнувања и развој на младите спортски надежи.




