Нова европска победа на РК Алкалоид во Европскиот Куп на ЕХФ!
Нашиот тим дома го победи РК Рунар Сандефјорд со 42:37 и со солидна предност од пет гола патува во Норвешка во битката за финале!
Најдобар стрелец кај РК Алкалоид на овој дуел беше Мартин Серафимов со десет гола, а го следеше Иван Џонов со седум гола.
Реваншот меѓу РК Рунар Сандефјорд и РК Алкалоид се игра на 27 април.




