РК Алкалоид е пред нов европски предизвик! Нашиот тим е во исчекување на мечот од полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ, каде ќе се соочиме со РК Рунар Сандефјорд од Норвешка. Пред медиумите како увертира за првиот натпревар говореа тренерот Кирил Лазаров и капитенот Игор Ѓорѓиев.
Кирил Лазаров: „Пласманот во полуфиналето со македонски сили секако дека е успех, се надевам дека ќе имаме сила и енергија по тешките мечеви на домашната сцена да излеземе на терен и да водиме борба во целите 60 минути со Рунар, знаејќи го нивниот скандинавски стил.“
Игор Ѓорѓиев: „Не очекува меч од огромно значење, прво европско полуфинале. Голем момент како за Алкалоид, така и за македонскиот ракомет. Затоа сакам да ги повикам сите љубители на ракометот да бидат наша поддршка, наш седми играч и да се бориме за историски момент против Рунар и место во европско финале“
Натпреварот меѓу РК Алкалоид и РК Рунар Сандефјор се игра во салата „Автокоманда“ вечерва со почеток од 19:00 часот.




