Шампионот славеше во драматичен натпревар, исполнет со неизвесност до последниот свиреж. РК Еурофарм Пелистер покажа искуство во клучните моменти од мечот, и успеа да го задржи водството против борбениот состав на РК Алкалоид, триумфирајќи со 30:28.
Покрај одличната атмосфера во Битола, натпреварот понуди ракомет од висок квалитет, каде што блеснаа Филип Кузмановски со 8 гола за Пелистер и Мартин Серафимов со 9 погодоци за Алкалоид.




