РК Алкалоид на прес-конференција го најави реваншот против РК Баја Маре од Романија во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ. Првиот меѓусебен дуел заврши нерешено (31:31), а победникот од овој двомеч оди во полуфиналето!
Марко Стојковиќ: „Го анализиравме противникот, максимално се подготвуваме за да извлечеме позитивен резултат и да се пласираме во полуфиналето. Ја повикувам публиката да дојде во голем број и да ни даде поддршка“
Натпреварот меѓу РК Алкалоид и РК Баја Маре се игра денес во салата „Автокоманда“ во Скопје со почеток од 19:00 часот.




