РК Алкалоид на прес-конференција го најави реваншот против РК Баја Маре од Романија во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ. Првиот меѓусебен дуел заврши нерешено (31:31), а победникот од овој двомеч оди во полуфиналето!
Кирил Лазаров: „Се наоѓаме во еден период каде што ќе се бориме како клуб за полуфинале во едно европско натпреварување. Овој меч е во голем значај како за клубот, така и за македонскиот ракомет и спорт и доста претпазливо ќе влеземе во реваншот.“
Натпреварот меѓу РК Алкалоид и РК Баја Маре се игра денес во салата „Автокоманда“ во Скопје со почеток од 19:00 часот.




