Дарио Ивановски е балкански вицешампион во полумаратон!
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски имаше извонреден настап на Балканското првенство во полумаратон, кое се одржа во Атина.
Тој ја истрча патеката од 21 километар за 1 час, 5 минути и 19 секунди, што му го донесе одличното второ место и титулата балкански вицешампион.
Голем успех за македонската атлетика! Честитки, Дарио!




