Струга одигра нерешено 25:25 против фаворитот Тиквеш во 21. коло од Суперлигата.
Избраниците на Танески и Србиноски одиграа квалитетен натпревар против силниот Тиквеш и на моменти водеа и со три разлика . Во последните минути голманот Остиќ одбрани пенал и удар за победа на Тиквеш.
Најдобри стрелци кај Струга беа Стојков со 8 и Пајкоски со 7 погодоци, додека кај Тиквеш најдобар беше Манасков со 8, додека Анастасовски имаше 7 голови.




