Нашите кошаркарки поразени во дербито ЖКК Спорт Тим – ЖКК Струга 2009 73:67 (20:18; 24:14; 23:23; 06:12)
Ова практично беше натпревар кој решаваше кој директно влегува во Прва А лига, поради тоа што екипата Куманово Гризли ја напушти Прва А лига и првакот на Прва Б лига без бараж влегува во повисок ранг.
Многу тешка утакмица за нас, екипата беше под голем притисок баш поради влогот што го носеше победата. Нашите домашни млади играчи подлегнаа под притисокот.
Тоа е тоа, остануваат уште 3 кола во кои треба да го одбраниме второто место и да се спремиме за бараж.
Најдобрите во нашата екипа беа: интернационалката од Србија, Марија Ристиќ со 27 поени и 16 скокови, Американката Вилард со 26 поени. Муртезаи и Зиба постигнаа по 6 поени, при што Зиба додаде и 9 скокови и 3 асистенции. Даути имаше 4 скокови и 4 асистенции, а Алексиевска постигна 2 поени.
Во екипата на Спорт Тим, украинските интернационалки Ковтун и Осталчук заедно комбинираа 59 поени. Ковтун постигна 37 поени, 8 скокови и 3 асистенции, додека Осталчук забележа 22 поени и 11 скокови.
Иако поразот е тежок, остануваат уште три натпревари за да се избориме за баражот. Ќе продолжиме да се бориме!




