После поразот од РК Радовиш, во РК Струга се работи позасилено , посебно се спремаме за playout.
Но сепак горкиот вкус и незадоволството од делењето на судиската ” правда” на судиската двојка Ќаеви, како и информациите кои пристигнаа од повеќето страни за матните игри, за телефонските јавувања за изнуди на некој од играчите итн.!
Чашата се прели после неочекуваното заминување и ” незадоволството” на играчот Адамовиќ Лазар кој без збор го напушти клубот и истиот ден премина…..погодете каде!? во РК Радовиш.
Ракометарот кој беше љубезно пречекан во клубот и градот, му беа исполнети финансиските и други услови и уживаше во добро познатото гостопримство на клубот и стружани.
Рака на срце прилично добро на последниот тренинг одглуми ” немање почит” кон него од страна на една личност. Глума за Оскар!За луѓето од РК Радовиш кои учествуваат во овие тел. јавувања и местенки, секоја чест!Покажавте “високи спортски морални вредности, норми и критериуми” како и “почитување на спортскиот фер плеј”. Господа очигледно е дека располагате со завидни финансиски средства и буџет, ама премали се за да ја рушите РК СТРУГА. Сте го прочитале ли историјатот на РК Струга ?Знаете ли какви премрежја поминал клубот?? Знаете ли што значи и каков придонес има во македонскиот ракомет? Знаете ли колку наши играчи го носеја и го носат Македонскиот дрес? Знаете ли каква е улогата и придонесот на Меѓународниот ракометен турнир во Струга за развој на ракометната игра како популаризација на Струга и Македонина во Европа и светот? Ние како и до сега ќе се насочиме на спортскиот дел, тренинзите и посветената работа и ќе се држиме до принципите на фер плеј. И ќе успееме во нашите планови…затоа што не водат до вистинските мотиви.
Рушењето на РК Струга е “злосторство без казна” или со казна за македонскиот ракомет, сте размислиле за тоа??? Или се важни само парите кои пристигаат, РАЗМИСЛЕТЕ!!?!?! – стои во реакцијата на РК Струга




