На ден 15.02.2025 година се одржа редовно собрание на Веслачката федерација на Македонија на кое учество зедоа делегати од сите активни веслачки клубови. По утврдениот дневен ред на собранието покрај финансискиот извештај и отчетот на сработеното во 2024 година, планот за тековната, се одржа и избор за нов претседател на кое едногласно беше избран стружанецот Коста Хиохи.

Коста е долгогодишен спортски работник и поранешен спортист, дипломиран професор по спорт на Западниот универзитет од Темишвар, Р. Романија, со спортска специјалност Водни спортови (веслање, пливање, кајак и кану) Магистер е по спортски менаџмент и долгогодишен професор во Јахја Кемал Колеџ.Автор е на две монографии за спортскиот живот во Струга и тоа „Знам за еден град крај езеро- струшки навивачки хроники“ и „Веслачки клуб Црн Дрим-Струга“ Воедно е и претседател на организацискиот одбор на спортскиот фестивал „Илинден” кој се одржува секоја година во водите на Црн Дрим.
За Јави се јужна изјави: Ми причинува особена чест но воедно и огромна одговорност да бидам на чело на една од најстарите спортски федерации во државава. Им се заблагодарувам на сите делегати и ветувам безрезервна соработка и поддршка на сите веслачки клубови во државава и секако отворање нови а со цел створње на солиден фонд веслачи од кои понатаму ќе се црпат националните репрезентативци.




