Марко Трајановски е првиот од Македонија кој освои злато на Европско првенство во ММА.
Марко на ЕП во Белград, Србија, се бореше во категорија до 83,9 килограми.
Тој беше доминантен во секој дуел на патот кон златото, освојувајќи четири победи против Бугарија, Романија, Украина и Италија за само еден ден.




