По два месеци пауза продолжува Лигата на шампионите во ракомет. Следуваат последните четири кола во групниот сегмент, а во рамките на група А македонскиот првак Еурофарм Пелистер има уште четири кола во битката за елиминационата фаза.
Пред заминувањето во Португалија за медиумите зборуваа тренерот Раул Алонсо и голманот Никола Митревски.
Спортинг е еден доста незгоден противник кој во последните години воден од браќата Коста игра доста добар ракомет и напаѓачки и дефанзивно. Ќе биде доста тешко да се игра на тој терен во Лисабон. Ние одиме на секој натпревар на победа, без разлика во која конкуренција. Ќе го дадеме својот максимум и се подготвуваме добро за натпреварот. Имаме математики да ја минеме групата, во игра сме и ќе одиме без притисок. Се надевам ќе пружиме добар натпревар. Големите екипи секогаш имаат период на многу натпревари, голем дел од играчите се навикнати на тоа. Сите во ЛШ имаат ваков календар. Можеби ќе биде проблем за домашното првенство, ама сме го поминале ова веќе. – изјави голманот Никола Митревски




