Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на силниот Меѓународен таеквондо турнир „Турција опен Г2“ во Анталија.
Георгиевски во финалето загуби 1-2 од Марат Мавлонов од Узбекистан.
Претходно Дејан Георгиевски славеше над Ефе Ахмет Сариоглу од Турција со 1-0 и Шојхјахон Каримбоев од Узбекистан со 2-1. Во полуфиналето нашиот Дејан го совлада и силниот Хамидреза Бадријалијабади од Азербејџан со 2-1.




