Шампионот Еурофарм Пелистер на домашен терен убедливо славеше над МРК Куманово со 46-26.
Најдобар стрелец кај шампионот беше Богдан Радивојевиќ со 11 гола, пред Ненад Костески со 9 гола, додека капитенот Филип Кузмановски постигна 6 гола. Филипе и Да Силва Фернандес погодија по 5 пати за Куманово.




