Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски е на врвот на листата на стрелци. Со шест гола во победата над Катар, капитенот на нашата репрезентација стигна до бројката 41 и со тоа е пред Холанѓанецот Тен Велде, Данецот Матиас Гидсел и Катарецот Франкис Марко.

До крајот има уште еден натпревар од главната фаза, а бидејќи најдобрите репрезентации ќе имаат повеќе настапи до крајот на првенството, тешко е да се очекува дека средниот бек на Еурофарм Пелистер ќе ја задржи лидерската позиција.
Сепак популариот Фитиљ сеуште е на врвот и покажа дека е во одлична форма.




