Пред натпреварот со Катар изјава за медиумите даде и македонскиот пикер, Милан Лазаревски.
„Катарците во вчерашната пресметка со Холандија покажаа дека не се наивен противник, иако нивните бекови се во поодминати години во нивната кариера. Но и со тежината на возраста покажаа дека можат многу да придонесот, одиграа навистина на високо ниво. Очекувам еден поинаков натпревар, но ако пристапот ни биде вистински како што покажавме досега на ова првенство, можеме да дојдеме до позитивен исход“, изјави Лазаревски.
Македонија и Катар својот натпревар го играат денес во терминот од 15:30 часот.




