Македонија и Холандија вечерва го играат својот натпревар од 2.коло во групата Д на Светското првенство со почеток од 18 часот.
„Максимално сме фокусираме на Холандија, мечот против Унгарија го оставаме зад себе. Максимално сме мотивирани, би било жалосно да не сме, кога имаме поддршка од толкав број на навивачи, најавите се дека ќе дојдат уште повеќе. Ќе излеземе на терен со ладни глави, максимално мотивирани и верувам дека ќе стигнеме до добар резултат. Холандија е анализирана од претходно. Играат поинаков ракомет, може да се каже дека многу се побрзи, имаат одлични индивидуалци, ќе биде сосема различен натпревар. Ние сме подготвени, имаме свои шанси против нив. Во Краков беше една друга репрезентација, многу од овие играчи што се тука, тогаш беа на своите почетоци, сега сме поискусна репрезентација. Го паметиме поразот на тој натпревар, но верувам дека утрешниот меч ќе биде сосема поинаков. Ќе решаваат нијанси, тој што ќе направи помалку грешки ќе го добие мечот“, изјави искусниот пикер Жарко Пешевски.




