РФМ и Македонски телеком денеска ја продолжија својата соработка, а на прес конференцијата по овој повод, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, изјави дека негова желба е ГЛАВНА РУНДА на СП, но и дека посакува најмалку 3 победи.
„Мило ми е што и оваа година ја почнуваме со подготвките за настап на големо првенство – Светското првенство кое брзо почнува. Благодарност до Телеком кој останува партнер на македонската федерација и македонската ракометна репрезентација. Ги повикуваме фановите да дојдат во Хрватска во што поголем број бидејќи верувам дека ќе имаме многу пријатни моменти. Моите желби? Да останеме најмалку 12 дена, тоа значи дека ќе треба да завериме пласман во главната рунда. Ако се прашувам јас лично, искрено посакувам најмалку три победи“, изјави Мукаетов.




