Во прекрасна атмосфера која ја приредија домашните и гостинските навивачи, Еурофарм Пелистер славеше во големото дерби со Вардар со 35-33 (полувреме 22-13).
Радивојевиќ постигна 13 гола, а Филип Кузмановски 8 погодоци за домашните. Во екипата на Вардар најдобар беше Крсманчиќ со 9 гола.
Чкембари и Комити во еден глас пееја “Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата…” и направија вистински спектакл од дербито.




