Тимот на Бенфика за која настапува македонскиот репрезентативец му го нанесе првиот пораз на Спортинг во Португалија оваа сезона.
Бенфика синоќа славеше против Спортинг со 38:34 во натпревар од 15 коло од шампионатот на Португалија.
Филип Талески беше еден од најдобрите ракометари во тимот на Бенфика со 3 погодоци и одлична игра во одбраната.




