Индира Кастратовиќ легендата на македонскиот ракомет, ќе биде примена во „Куќата на славните“ на Европската ракометна федерација (ЕХФ) како дел од специјалната церемонија што ќе се одржи на 14 декември, пред финалето на ЕХФ ЕУРО 2024 за жени.
Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров веќе е дел од ова одбрано друштво.
Во женска конкуренција ЕХФ избра 7 ракометарки, додека во машка конкуренција, ЕХФ избра 14 играчи, меѓу кои се и големите имиња Никола Карабатиќ, Данецот Микел Хансен и Норвежанецот Стине Офтедал Дамке.
Со овие нови имиња, „Куќата на славните“ ќе се збогати со нови 21 член, придружувајќи им се на повеќе од 50 легенди кои беа претходно избрани во јуни 2023 година на првата церемонија за наградите за извонредност на ЕХФ.




