Капитенот на репрезентацијата на Македонија, десниот бек Елена Ѓорѓиевска на ЕП 2024 го имаше последниот настап за нашата селекција.

Стружанката Елена Ѓорѓиевска настапи на петто големо натпреварување за женската репрезентација на Македонија. Таа беше дел од македонската репрезентација на СП 2005 во Русија, ЕП 2006 во Шведска, СП 2007 во Франција и ЕП 2008 во Македонија.





