Утре од 20:45 часот, во 10.коло во ракометната Лига на Шампионите, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го дочекува составот на Висла Плоцк.
“Јасно е дека Висла има тим да сигне далеку во ЛШ. Висла е голем проект и не само во Полска. Треба да се каже дека во моментов не се таму каде што би требало да бидат. Играме пред своите фанови и за нас овој меч е клучен. Токму нашите фанови се клучот на успехот на нашиот тим. Ако сакаме добар резултат мораме да биде добри уште на стартот од овој меч. Пред нас се 60 минути во кои ќе се обидеме да одиграме квалитетно. Одиме чекор по чекор, задоволен сум од екипата, од работата на момците и се надевам дека ќе резултира со победа на утрешниот меч. Висла не е непобедлива“ изјави Раул Алонсо тренерот на нашиот шампион Еурофарм Пелистер




