Алкалоид е во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп!
Македонскиот тим беше подобар од Вест Виена и во вториот дуел (32:29). Најдобри стрелци во нашата екипа беа Мартин Серафимов и Александар Петковски, двајцата дадоа по седум гола.
Ривалот во европското натпреварување Алкалоид ќе го дознае на 3 декември. Осминафиналните натпревари се играат во февруари 2025 г.




