Макс Ферстапен ја осигура четвртата титула по ред во Формула 1.
“Летечкиот Холанѓанец” ја осигура својата четврта шампионска титула по ред на две трки до крајот на сезоната.
Холанѓанецот со оваа титула им се придружи на Алан Прост и уште еден поранешен возач на Ред Бул, Себастијан Фетел со по четири круни. На вечната листа водат Михаел Шумахер и Луис Хамилтон со по седум титули, додека Хуан Мануел Фанџо има пет.
Со денешното 5.место низ улиците на Лас Вегас, возачот на Ред Бул има 63 бодови повеќе од својот најголем ривал за титулата Ландо Норис од Мекларен.




