Стружанецот Илирјан Асани е на одличното 13.место во светот на светската ранг листа на IFBB во категоријата Men`s Physique од вкупно 668 натпреварувачи со 17 поени. Успехот на Илирјан е уште поголем ако се знае дека поените ги доби од само 2 големи натпреварувања.

Илирјан Асани до овој пласман откако во категоријата Men`s Physique на Светското првенство во Шпанија во Санта Сусана (Барселона) го освои одличното петто место.

Претходно стружанецот Илирјан Асани го освои одличното второ место во категоријата Men`s Physique на престижниот Arnold Classic Festival Европа 2024. Европското првенство од 10-ти до 13-ти октомври се одржа во Мадрид, Шпанија.
Инаку Илирјан две години е апсолутен шампион на Македонија во категоријата Men`s Physique Senior на Државното првенство во бодибилдинг и фитнес.




