Теодор Стојановски (ТК Бутел) категорија -49кг денеска во Тирана, Албанија направи голема сензација на официјално кадетско европско првенство во олимписко таеквондо.
Теодор имаше три доминантни победи над репрезентатаивци од:
🇨🇾Прво коло против Хараламбос Хаџимаврос Кипар, победа 2:0 рунди
🇺🇦Второ коло против Јарослав Вечирко Украина, победа 2:0 рунди
🇬🇧Полуфинале против Шон Џита Британија, победа 2:0 рунди
🇫🇷Пораз во финале од Нора Бранж репрезентативец на Франција, пораз 2:0 рунди.
Овој релевантен, историски младински успех за македонскиот спорт, е права реткост за домашниот спорт. Сребро на официјално европско првенство во олимписки спорт е вистинска насока дека македонското таеквондо го заджува приматот на водечки и најтрофеен домашен спорт.
Не чека многу работа, кога се во прашање врвните олимписки спортски патувања, патот е пеколен, конкуренцијата исклучително најголема, затоа само тие успеси остануваат вечно во историјата.
Еднаш ја кренавме нацијата на нозе, живееме за мигот повторно тоа да се случи.




