Машката ракометна репрезентација на Македонија се подготвува за квалификациските дуелите против Естонија и Литванија за пласман на Европското првенство 2026 година.
„Имаме прекрасна и позитивна енергија, тоа се чувствува помеѓу сите играчи. Покажавме на последните натпревари дека играме добро.Изгледавме како вистинска репрезентација и мислам дека имаме светла иднина. Ова е нов и млад тим, но сите сме активни во клубовите и играме редовно, што секогаш е добар знак за компактноста на теренот.Нема да потцениме никого и ќе одиме чекор по чекор, се надевам дека публиката ќе дојде во огромен број и ќе ни ја даде потребната поддршка за да започнеме со победа во овие квалификации“, изјави еден нашите најдобри ракометари Филип Кузмановски.
Квалификациските дуелите против Естонија и Литванија за пласман на Европското првенство 2026 година за закажани за 6 и 10 ноември.




