Езерско дерби во Прва Б лига во кошарка кај дамите им припадна на стружанки.
ЖКК Струга 2009 – ГКК Охрид 47:41
( по четвртини 12:13;08:10;11:11;16:07)
Најдобрите стрелци во домашниот тим беа:
Зиба 18п
Хиса 17п
Белкоска 7п
Алексиеска 5п
Кај гостите Василеска забележа 9п
Многу тежок натпревар, како и секогаш помеѓу Струга и Охрид. Не премногу квалитетен,но цврст и пожртвуван натпревар. Ние бевме поконцентрирани во последна четвртина и забележавме победа. Им честитам на гостинската екипа на одлична фер игра, а на моите кошаркарки за победата. Нешто што би сакал да потенцирам е следно, Сиандра Зиба има само 13 години , а пружа веома добри, зрели игри и во сениорска и во јуниорска и во кадетска конкуренција. Сега ни следува мала пауза поради настапот на сениорска репрезентација на евро квалификации и ќе пробаме во тој период да се опоравиме и спремиме уште подобро за продолжеток на првенството. – изјави Владимир Ѓоровиќ тренерот на Струга 2009




