Шампионот Еурофарм Пелистер славеше високо над Радовиш со 45-23 (полувреме 21-11) во деветтото коло во Суперлигата.
Најефикасен играч нa натпреварот беше Цветан Кузманоски со 9 гола , пред Павле Петровиќ со 8 гола. Интересно е што и Цветан и Павле играа само по 30 минути. Кај гостите со 6 гола најдобар беше Филип Трајанов.




