Денес во рамки на 2.коло во женската младинска лига, Вардар славеше на гостувањето кај Скопје 2020.
На еден занимллив натпревар дојдоа до победа девојките на Платон по одличен пресврт. Тие надополнија шест негатива и остварија победа со три плус, односно со резултат 25-28.
Стружанката Мила Ристовска беше најефикасна во составот на Вардар со 8 гола. Одлични беа и Трифуноска со 4 и Балоска со 2 погодоци.
Вардар: Хасановска 8.одб, Трпкова, Тодоровски Драгана, Соколовска 3, Јанева, Поповска, Балоска 2, Николовска, Франгоска 3, Ангелов, Божиновска, Смилевска 3, Дона Тодоровска 2, Миленкоска 3, Ристовска Мила 8, Трифуновска 4.




