Жкк Струга 2009 не застанува. Овој пат во првото коло од јуниорската лига во совладаа Бадел и тоа во Скопје.
Бадел 1862- Струга 2009 66:72. Најдобрите стрелци во Струга беа:Хиса 19п, Муртазаи 18п, Белкоска 14п, Зиба 10п, Муртиши 6п, Крацоска 3п, Алексиеска и Милчин забележаа по 2п. Кај Бадел најдобар стрелец беше Чолакоска со 22п инаку поранешна кошаркарка на Жкк Струга 2009.
Морам да им честитам на девојките на борбеност и максимално залагање. Победата има уште поголема тезина затоа сто на полувреме имавме негатива од 13 поени. Меѓутоа знаевме дека само со агресивна игра во одбрана можеме да дојдеме до резултат, и на крај успеавме. Знаеме дека ваква пoбеда нарочито на гостински терен против Бадел значи многу и мислам дека ќе ни биде подстрек да продолжиме да работиме уште посилно.- изјави тренерот Ѓoровиќ
Интересен податок е дека Жкк Струга 2009 стартуваше во новата сезона со победи во 1 коло во сите категории




