Еурофарм Пелистер со одлична игра против лидерот Спортинг, стигна до реми 24:24 со голот на Павле Атанасијевиќ во последните секунди.
Пешевски, Кузмановски и Радивојевиќ дадоа по 5 гола, додека Борзаш постигна 4 погодоци за Еурофарм Пелистер. Голманот Никола Митревски беше одличен со 10 одбрани . Во составот на Спортинг, по 5 гола имаа Мартим Кошта, Гури и Салвадор.




