Шампионот Еурофарм Пелистер вечерва го игра натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите, а противник ќе биде португалски Спортинг.
Левото крило Цветан Кузманоски во пресрет на натпреварот изјави дека станува збор за тим кој игра брз ракомет со многу голови и е многу добра форма.
Спортинг игра во страшна форма, тоа го покажаа и на домашен терен против еден гигант како Веспрем. Но, ние играме дома пред својата публика и како и на секој натпревар, ќе дадеме се од себе да се радуваме на први бодови сезонава. Играат брз и модерен ракомет со многу трчање, наше е да одиграме добро во одбраната и да го спречиме нивниот брз напад.
Натпреварот е закажан од 20:45 часот во салата “Боро Чурлевски” во Битола.




