Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето кај МРК Куманово со убедливи 23-35 во меч од 6. коло од ракометната Суперлига.
Филип Кузмановски со 10 гола беше прво име во тимот од Битола , додека кај поразените Де Соуза Мораис постигна 8 гола.




