Најдобриот македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ успеа да триумфира во Суперкупот на Италија.
Нено и неговиот нов клуб Олимпија Милано славеа победа над еден од најголемите ривали Виртус Болоња (98-96 по продолженија). Ненад беше фантастичен со 16 постигнати поени, 5 асистенции и 6 скока.
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ беше прогласен и за МВП на мечот за својата одлична партија.




