Викендов на програмата е третото коло во ракометната Супер лига кај мажите во Македонија.
Сите натпревари ќе се одиграат сабота, освен натпреварот помеѓу Тиквеш и Куманово кој е одложен поради настапот во Европа на тимот од Кавадарци.
Програмата ќе ја отворат Струга и Пролет. Во спортската сала “Нико Нестор” во Струга мечот започнува од 17 часот.
Шампионот Еурофарм Пелистер гостува во Велес, додека двократниот Европски првак Вардар во Радовиш. Најтешка задача има тимот Алкалоид кој гостува на жешкиот терен во Бутел.
Погледнете го целиот распоред за третото коло:





