Викендов се одигра второто коло од Суперлигата во ракомет кај мажите. Во клубовите низ Македонија има доста ракометари од Струга па вреди да се спомене и нивниот придонес.
Најефикасни стружани викендов беа Христијан Крстаноски со 4 гола во дресот на Куманово и Гоце Ојлески со 3 погодоци за тимот на Охрид. После нив следи Никола Цветаноски со 2 гола за Прилеп .
Викендов по еден погодок запишаа и Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер), Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер), Кристијан Симоноски (Алкалоид) и Дарио Симоноски (Куманово). Милорад Кукоски (Охрид) играше само во одбраната на неговиот тим. Стружаните Никола Костески и Никола Маркоски не беа во составот за тимот на Алкалоид против Радовиш , додека Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) сеуште се опоравува од повредата.
Во продолжени комплетните резултати и статистика за ова коло во Суперлигата кај мажите од ова второ коло:




