ЖКК Струга 2009 организира Интернационален кошаркарски турнир за кадетки и јуниорки од 13 до 15 септември во Струга.
На турнирот покрај домашните ќе учествуваат Партизани од Тирана, Албанија, Темниц од Варварин, Србија, Требјеша од Никшиќ , Црна Гора и Гостивар.
Со овој турнир ќе се одбележи 15 години од формирањето на клубот.

Со овој турнир сакаме да обележиме 15 години постоење на нашиот клуб Струга 2009, али никако не јазабораваме ни нашата историја како Кимико.
Турнир е од интернационален карактер и во ова прилика им се заблагодарувам на сите екипи кои што потврдиа своето учество и на тој начин го зголемија квалитетот на самиот турнир и ја увеличаа нашата прослава.
Оваа година е по повод 15 години али сакаме да турнир стане традиционален и да се зголеми со бројот на екипи и квалитет во наредните години. – изјави тренерот на стружанки Владимир Ѓороровиќ




