Во големото финале, Македонија ја совлада Австрија (98:88), за перфектен скор, осум игри-осум победи, и прво место на шампионатот.
Македонија има златни јуниори, со шампионски ген!Финале на ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 18“ години. Дуел на двете најдобри репрезентации на собирот во нашиот главен град.
Двете непоразени селекции се бореа за првото место, за златните медали, и официјална промоција во учесници во „А“ Дивизијата односно наредниот шампионат кој ќе се одржи во соседна Србија. Победник можеше да биде само еден, тоа е Македонија!
Нашите златни момчиња го продолшија победничкиот низ, и во големото финале на првенството во Скопје, против Австрија, ја задржаа перфекцијата, осум игри, осум победи, која од која поубава, поважна…Доволни за златните одличја, за шампионскиот трофеј!




