Четири нови имиња во новата сезона за РК Алкалоид! Нови членови на Алкалоид се:
Марко Кизиќ (23 г. голман), долгогодишен репрезентативец на Македонија во сите категории кој ни доаѓа од редовите на РК Е. Пелистер, а зад себе има настапи и во РК Вардар 1961.
Никола Костески (31 г., десно крило), искусен ракометар и репрезентативец на Македонија кој последната сезона ја мина во чешки Плзен каде редовно беше меѓу најдобрите стрелци. Низ својата кариера, Костески играше за Холабрун и Линц (Австрија), Татран Прешов (Словачка), Ешкишехир (Турција), како и македонските Металург и Борец. Матичен клуб на Костески е Струга

Михаил Иваноски (21 г., десен бек), млад македонски ракометар кој во редовите на РК Алкалоид доаѓа од нашата база РК Мулти Есенс, во чии редови имаше забележителни настапи и оствари играчки напредок во кариерата.
Франциско Оливеира Да Силва (25 г., лев/среден бек), португалски интернационалец кој ни доаѓа од редовите на унгарски Егер, а претходно настапуваше за Гвадалахара во шпанската АСОБАЛ-лига, како и за Виторија и Брага во Португалија.




