Младинската машка репрезентација со победа го заврши настапот на Men’s 20 EHF EURO 2024.
Денес во СС „Головец“ во Целје, Словенија нашата младинска селекција под водство на селекторот Раде Стојановиќ, славеше победа против селекција на Франција со резултат 29:30 и настапот на ЕП го заврши на 9-тото место.
Субашевски и Митев дадоа по 6, Узунчев додаде 5, а Мирче Калајџиески даде 4 гола. Голманот Иван Галевски одбрани клучен пенал по истекот на времето со што ја потврди големата победа.




