На Европското првенство во пливање во Белград, Андреј Барна освои бронзен медал на 100 метри слободно, а потоа со соиграчите – Велимир Стјепановиќ, Никола Аќин и Џастин Цветков успеа да се закити со златен медал.
Одличниот српски репрезентативец на тој начин покажа дека му претстои светла иднина, а она што малку се знае за него е дека во 2019 година го победи ракот на бубрегот.
Нареден предизвик за медали за Андреј ќе бидат Олимписките игри во Париз.




