Македонскиот фудбалер Стефан Јевтоски кој е и поранешен младински репрезентативец ќе ги засили редовите на шампионот Струга ТЛ.
Јевтоски доаѓа од Ујпешт во Унгарија, а во кариерата претходно има настапувано и за Арсенал Киев, хрватскиот прволигаш Вараждин, за Локомотив Пловдив во Бугарија.
Во Македонија ги има брането боите на Работнички и на Металург.




