Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе заврши на второто место на трката во Чешка во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки.
Игор Стефановски-Иџе Иџе со своето Ферари беше втор зад победникот Лиридон Календри од Косово, кој имаше предност од 17,7 секунд. Трет заврши Никола Вервер од Франција.




