Одлично кадетско финале во СРЦ „Кале“, и голема победа на Водно Санс против Вардар, изразена со несекојдневни бројки, (114:97)
Нема тројна круна во младинските лиги за Вардар…
Кадетската селекција на Водно санс се погрижи да нема комплетна доминација на „црвено-црните“ во младинскиот сегмент од македонската кошарка.
Селекцијата на Водно Санс, онаа „Под 16“ години, одигра фантастично финале против својот голем ривал, и на крајот, и повеќе од заслужено, стигна до златните медали, наменети за најдобрата екипа во М16 лигата на Македонија.
М16 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – МКК Куманово 97:42
Работнички – Водно Санс 67:93
ЗА ТРЕТО МЕСТО
МКК Куманово – Работнички 54:53
ФИНАЛЕ
Вардар – Водно Санс 97:114




