РК Алкалоид е кадетски шампион на Македонија, откако во финалето на Ф4-турнирот во „Автокоманда“ го совладаа РК Еурофарм Пелистер 2 со високи 31-22.
На турнирот РК Алкалоид го имаше и МВП играчот, тоа е голманот Ѓорѓи Николовски.
За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Панче Ристовски од Бисинов, додека најдобар голман на турнирот е Иван Младенов од тимот на Еурофарм Пелистер 2.
Во идеалниот тим на Ф4, се најде и Филип Мечкароски од тимот на Струга.
ALL-STAR тим на Ф4:
голман – Ѓорѓи Николовски
лево крило – Карло Буторац
лев бек – Панче Ристевски
среден бек – Христијан Ѓурешевиќ
десен бек – Филип Мечкароски
десно крило – Марко Димовски
пивотмен – Александар Славков




