Синоќа Македонија славеше со 34-26 во реваншот против Фарски Острови и се пласираше на Светското првенство во ракомет во 2025 година.

Пешевски со 8 од 8, Кузмановски со 7, и Митев и Серафимов со со по 6 гола беа лидери на нашиот тим. Одличен беше и стружанецот Никола Костески со 3 гола од 3 обиди од седмерец. Сите ракометари кои настапија во овие два натпревари оставија срце на терен и донесоа нова победа и кога многу не верувас во нив.




